

На 17 и 18 септември 2022г. женскиот хор Св. Злата Мегленска гостуваше во Келн и во Диселдорф и имаше свој настап во црквата St. Pantaleon во Келн и во црквата Pfarrkirche St. Gertrud во Диселдорф.
Гостувањето беше во организација на Почесниот Козулат на РСМ во Диселдорф, во соработка со Амбасадата на РСМ во Берлин, а проектот беше финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Настапите ги проследија нашите иселеници кои живеат и работат во Северна Рајна Вестфалија, како и вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, Драган Петковски.
Политичко - безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност.
Од 11 јуни 2022 година, привремено се укинати сите ограничувања за влез во Германија во врска со COVID-19, за сите држави, вклучително и Република Северна Македонија.
Со тоа, повторно е дозволен неограничен влез за македонски државјани од Северна Македонија во Германија за сите цели на патување (вклучувајќи туризам и патувања за посета). Доказ за вакцинација, доказ за прележаност или доказ за негативен тест повеќе не е потребен за влез во Германија.
https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2443252
https://www.auswaertiges-amt.de/en/coronavirus/2317268
https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/faqs/EN/topics/civil-protection/coronavirus/coronavirus-faqs.html