Embassy of the Republic of North Macedonia in Germany

Koenigsallee 2-4, 14193 Berlin

Phone: ++ 49 30 890 69 511

Fax:

Latest news

Северна Македонија повторно класифицирана како област со висок ризик сметано од 16 јануари на полноќ

 

Започнувајќи од 16.01.2022 година (00:00 ч.), Северна Македонија повторно е класифицирана како област со висок ризик на инфекција со Ковид-19 од страна на сојузната влада на Германија, а врз основа на одлуката од страна на Роберт Кох Институтот.

Со тоа соодветно повторно се воведуваат дополнителни ограничувања/услови за влез во Германија:

Потребна е задолжителна електронска регистрација за влез во Германија за сите патници без оглед на возраста, вклучително и деца под 6 години на https://www.einreiseanmeldung.de/#/ и да ја носат со себе потврдата, испечатена или во електронска форма заради контрола од страна на превозникот и сојузната полиција.

Има обврска за 10 дневен карантин веднаш по влегувањето во земјата, што може да се заврши порано со поднесување негативен резултат од тест најрано после пет дена. Од обврската за карантин, се изземени лица кои се целосно вакцинирани со во Германија признатите вакцини или со доказ дека се опоравиле од инфекција. Резултатот од тестот, доказот за вакцинација или закрепнување мора да се достави до локалната канцеларија за јавно здравје со негово прикачување на крајот од пополнувањето на Дигиталната регистрација на влез. За лица под 6-годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

Влезот од Република Северна Македонија во Германија, освен за лицата со регулиран престој и работна виза во Германија, за каква било друга цел (вклучувајќи посети и туризам) е возможен само за целосно вакцинирани лица со во ЕУ/Германија признатите вакцини Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen /Johnson & Johnson, Spikevax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, а последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде најмалку 14 дена пред датумот на патување.

За лицата кои не се вакцинирани воопшто или не се соодветно вакцинирани со во Германија признатите вакцини, влегувањето од Република Северна Македонија е можно само во исклучителни случаи и е условено со итна потреба, како што беше и претходно.

https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/faqs/EN/topics/civil-protection/coronavirus/travel-restrictions-border-control/IV-restrictions-applying-to-air-and-sea-travel-outside-of-europe/what-constitutes-an-imperative-need-for-travel.html?fbclid=IwAR0b1f4l_V56C3swLRQ9dalQMsmQMVD3g4LvmcwjjSFTtS8caAEVKAChkxU

https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/faqs/EN/topics/civil-protection/coronavirus/travel-restrictions-border-control/travel-restriction-border-control-list.html#f13919566

https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/faqs/EN/topics/civil-protection/coronavirus/travel-restrictions-border-control/IV-restrictions-applying-to-air-and-sea-travel-outside-of-europe/what-special-conditions-apply-to-entry-into-germany-by-family-members-who-are-third-country-nationals.html;jsessionid=7DFCA3D23FEFBC8285516102F15F32BF.2_cid364

https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/downloads/EN/themen/civil-protection/declaration-absolute-necessity-business-travel-of-short-duration.html

За вакцинирани лица: Доказ за целосна вакцинација Covid-19- на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик во дигитална или хартиена форма (на пр. Жолт сертификат за WHOV вакцинација). Вакцинацијата мора да е извршена со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих (Comirnaty/BioN¬Tech-Pfizer, Janssen, Spike­vax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, Nuvaxovid/No­vavax). Последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде пред најмалку 14 дена.

За оние кои се опоравиле од Ковид 19:Позитивен резултат на тест за PCR направен пред најмалку 28 дена, но не повеќе од 6 месеци.

За оние кои се тестирале: Негативен резултат од тест со техника за засилување на нуклеинска киселина (на пр., PCR, PoC-PCR) на германски, англиски, француски, италијански или шпански, алтернативно, негативен резултат на брз антигенски тест на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик, не постар од 48 часа пред влегувањето.

️Напомена: Лицата постари од 6-години при влез начелно мора да имаат негативен ковид-тест, доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид, без оглед на видот на транспортот и без разлика дали претходхо престојувале  во област со висок ризик или со варијанта на вируси.  Обврската за приложување на доказ во врска со Ковид важи и за патници, кои само транзитираат на некој аеродром во Германија. Ова важи и за не-шенген-транзит од т.е. во трети држави надвор од ЕУ како и за транзит од т.е. во државите на шенген зоната. Лица над 6 години кои примиле вакцина одобрена во Германија, и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 6-годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, иако самите деца не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација со признати вакцини можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави. https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2443252?fbclid=IwAR2Cj_m6XIf8za9pPczmJGbln3WiFHMxL1LUGrOhR4zgfUCVBfes6pnUEJQ

📣📣Согласно дополнителното појаснување од Сојузната полиција во врска со вакцинациските сертификати посочуваат дека Дигиталните сертификати за Covid-19 на ЕУ од Северна Македонија по добивањето на третата доза со Pfizer BioNTech, Astra Zeneca, Modernа, НЕ покажуваат дека претходните две дози се направени со Sinofarm/Sinovac/Спутник, и дека е неопходно е да се контролираат и првите две дози и патниците да докажат дека се направени со Pfizer, Moderna, AstraZeneca . Во спротивно, оваа трета вакцинација со Pfizer или друга соосдветна вакцина треба да се смета за ПРВА доза и како нецелосна вакцинација. Тогаш патникот треба да биде одбиен од пријавување, доколку не може да се докаже друга императивна причина за патување заедно со негативен тест од страна на патникот.

https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Transport/Archiv_Risikogebiete/Risikogebiete_aktuell_en.pdf?__blob=publicationFile

Средба со претставници на здружението „Централен совет на Македонците во Германија“ и Македонски клуб „Илинден“ од Хановер- Лацен

 

На 28 декември (вторник) во просториите на Амбасадата во Берлин Амбасадорот Рамадан Назифи во придружба на колеги дипломати одржаа средба со претставници на здружението „Централен совет на Македонците во Германија / Zentralrat der Makedonen in Deutschland“ (https://zentralratdermakedonen.de/) - претседателот Роберт Кленкоски и заменик-претседателот Горан Николоски и претставници на здружението Македонски клуб „Илинден“ од Хановер- Лацен https://ilinden.de/  предводени од претседателот Живко Лазаров.

Во пријателска претпразнична атмосфера беа разменети мислења за состојбите во билатералните односи со Германија на политички и економски план, дијаспората, ефектот на промената на генерациите и се поголемата тешкотија да се одржат постоечките организации.

Од Централниот совет на Македонците ја повторија нивната цел како мрежна организација, која е се повеќе активна, да воспостават структура и соработка на целата територија на Германија, па така и Македонскиот клуб „Илинден“ од Хановер- Лацен е дел од нивната мрежа од 2021 година, а имаат амбициозен план постепено да се обидат да се вмрежат со разни формални и неформални групи на Македонците во Германија, вклучително и во блиска соработка со Амбасадата.

Од Македонскиот клуб „Илинден“ од Хановер-Лацен, како едно од најстарите и сеуште функционални и добро организирани здруженија на Македонците во Германија ја информираа Амбасадата за нивните активности, предизвиците со кои се соочуваат во последните години, но и потешкотиите со кои се соочува дијаспората од Северна Германија, со посебен акцент на дијаспората во Долна Саксонија и околината на Хановер во контекст на пристап до конзуларни услуги, изучување на македонскиот јазик и разни културно, образовни и спортски активности.

Беа разгледани предлози за подобрување на пристапот до информации и пружањето на конзуларни услуги и беше договорено, Амбасадата да им испраќа пишани информации околу административните постапки и потребните документи за конзуларните услуги на амбасадата и формулари кои би можеле да ги користат и постават и на нивната веб страница и социјалните мрежи со цел уште подобар пристап и информираност на дијаспората за услугите и потребните процедури и документи, како и да им помагаат на нивните членови.

Дополнително се разговараше за можноста да се разгледа опцијата за воведување/обновување на можноста за пракса на студенти во Амбасадата во рамки на студии,  што може да им се засметува како кредити за студиите и како потребно претходно практично искуство за вработување во иднина, а би можеле да помагаат во делот на телефонско советување и поддршка на вработените во пружањето конзуларни услуги на странки. Амбасадорот истакна дека ќе извести и ќе побара од МНР да се разгледа можноста за воспоставување стандардна редовна можност за пракса на студенти во Амбасадата во Берлин, истакнувајќи дека и досега повремено Амбасадата имала практиканти, нагласувајќи дека предуслов за стажирање е задолжителна претходна безбедносна проверка од надлежните македонски институции, како и регулиран престој во Германија.

Се зборуваше отворено за заедничка соработка и можни идни заеднички активности и проекти кои можат да помогнат во многу области за поврзување, но и надминување на проблемите на Македонците во Германија, како и заедничко учество и порепрезентативно македонско присуство на настани и чествувања, како на пример чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Елванген, но и разни манифестации и настани во иднина. Амбасадорот Назифи од своја страна повтори дека Амбасадата ја нуди својата поддршка и отвореност за идна соработка, логистика и координација во тоа насока.

Беше договорено да продолжи започнатиот редовен дијалог, меѓусебни посети, соработка и размена на информации на секое поле со надеж дека пандемијата ќе заврши со цел практично да се олесни комуникацијата и можностите за соработка. https://zentralratdermakedonen.de/mk/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%bb%d1%83%d0%b1-%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b4-%d1%85%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%80/

Одговор на Амбасадата до „Македонци во Германија“ по повод доставената Реакција -Апел од дијаспората од Германија заради поплаките во врска со примената на правилата за влез во Германија од страна на аеродромските служби, упатена до Амбасадата во Берлин и до ТАВ и надлежните аеродромски служби - граничната полиција.

„Почитувани членови на Админ тимот на групата Македонци во Германија

Ви благодариме за вашиот е-маил и доставата на апелот.

Амбасадата во Берлин би сакала да ве информира дека е запознаена со актуелната ситуација и има потполно разбирање за реакцијата и незадоволството од ваша страна и од страна на засегнати македонските граѓани, но би сакале да укажеме дека токму затоа Амбасадата на сопствената веб и ФБ страница ги има објавено и ги сподели појаснувањата за примената на регулативата од страна на Германската амбасада во Скопје и од Сојузната полиција, кои се доставени и до Аеродромските служби  - ТАВ, граничната полиција и авиопревозниците, со цел да бидат граѓаните информирани и да се избегнат такви непријатни ситуации. Амбасадата секако имаше комуникација и со Аеродромот во Скопје.

Во овој контекст, би сакале да ви појасниме дека службениците на аеродромите во Скопје и Охрид не постапуваат своеволно и неинформирано, туку согласно насоките и појаснувањата од германската амбасада во Скопје и германската сојузна полиција, кои исто така директно комуницираат со нив, а доколку не се придржуваат до насоките може да плаќаат пенали.

Дополнително, колку и да се револтирани граѓаните, мора на сите да им биде јасно дека е суверено право на една држава да ги регулира и соодветно од проценка на ситуацијата, прилагодува и применува условите за влез за странски државјани на нејзина територија.

Сојузната полиција и граничните службеници имаат суверено и дискреционо право да ги регулираат и појаснуваат условите за влез, вклучително и да одбијат влез на патници, и во редовни услови, а не пак во пандемија, во која секоја држава се штити на начин на кој има суверено право да одлучи кого ќе прима, какви вакцини ќе се признаат и сл.

Во случајот, во однос на олеснувањата за влез, очигледно од германска страна е појаснето дека единствено не важи обврската за пополнување на електронска пријава за влез, а неограничено право на влез имаат вакцинирани со признати вакцини и прележани согласно важечките германски прописи, а за останатите кои не се воопшто вакцинирани и не се соодветно вакцинирани со барем две дози призната вакцина, може да им се одобри влез и пропуштање на аеродром со тест, само доколку исполнуваат некоја од итните и неодложни причини за влез кои и претходно важеа и се применуваа. За разлика од некои земји, за жал сеуште Германија не ги признава сите одобрени вакцини од СЗО кои се дел од Ковакс механизмот. Се надеваме дека согласно препораката на Европската комисија во иднина ќе извршат дополнување на листата на признати вакцини.

Останува сите да се надеваат дека наскоро пандемијата ќе заврши, со што би се укинале сите ограничувања, но, имајќи предвид дека актуелните трендови во ЕУ и Германија укажуваат на постепено одење кон задолжителна вакцинација, македонските државјани кои живеат во Германија и оние кои сакаат да патуваат по разни основи во Германија, треба да бидат свесни дека и во иднина е многу веројатно да има и понатаму ограничувања за невакцинирани.

Соодветно на горенаведеното, сите македонски државјани доколку сакаат да влезат во Германија, мора да се придржуваат до важечките прописи, насоки и појаснувања, во спротивно се впуштаат во сопствен општ и финансиски ризик и може да се изложат на непријатни ситуации, за кои веќе сите се свесни дека се случуваат.

Појаснувањата и соопштенијата и соодветните линкови се јавно објавени и достапни на веб и ФБ страницата на амбасадата и слободно може да се споделуваат и нема потреба од согласност за објавување, бидејќи целта им е токму таа, точно информирање со цел избегнување непријатни ситуации. Доколку сакате дополнителни потврди и појаснувања, единствено надлежна е германската амбасада во Скопје и германската сојузна гранична полиција, на кои можеме да ве упатиме, но посочуваме дека на објавата и појаснувањето од страна на германската амбасада во Скопје стои дека нема да даваат индивидуални изјави, така да тоа е фактичката ситуација до која македонските граѓани треба да се придржуваат доколку сакаат да им биде одобрен влез во Германија.

Секако, веднаш штом добиеме информации за евентуални промени ќе објавиме и соопштиме.

https://berlin.mfa.gov.mk/mk/page/88/post/2790/severna-makedonija-ne-se-smeta-povekje-za-rizichna-oblast-vo-germanija-pochnuvajkji-od-19-dekemvri-2021g-pojasnuvanje

Со почит,

Амбасада на Република Северна Македонија -Берлин
Botschaft der Republik Nord-Mazedonien - Berlin
Embassy of the Republic of North Macedonia – Berlin
Hubertusallee 5, 14193 Berlin
Tel.: +49 30/ 89 06 95 11
E-mail: [email protected]
https://berlin.mfa.gov.mk/mk
https://www.facebook.com/MKDinDE/

Tourist destinations

Баба Планина, Битола

Охридско езеро, Охрид

Дојранско езеро, Дојран