Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија,Бујар Османи и министерот за сојузни и европски, како и за меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-ФертнерпотпишааЗаедничка декларација за намери за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на покраината Северна Рајна-Вестфалија,. Потпишувањето,се одржа по пат на видео врска меѓу Скопје и Диселдорф, а на свечената церемонија присуствуваше и амбасадорката на Германија во Северна Македонија, АнкеХолштајн.
„Овој заеднички документ ќе овозможи поголема економска соработка со Северна Рајна-Вестфалија, што ќе се одвива преку формирање кластери меѓу претпријатија, универзитети и истражувачки установи, а можеме да очекуваме и зголемување на соработката на стопанските комори, остварување на бизнис релации што ќе претставува поголема можност и за германските инвеститори кои доаѓаат од регионот на Вестфалија, како и нивна соработка со нашите бизниси. Ова е сериозен потенцијал за нашата економија“, истакна Османи.
Нагласувајќи ја важноста на Заедничката декларација, Османи на церемонијата на потпишување, дополнително посочи
:
„Северна Рајна-Вестфалија со нејзините речиси 18 милиони жители е најмногубројна сојузна покраина, која обезбедува и 22% од вкупниот домашен производ на Германија и каде живее и работи значаен дел од нашата дијаспора во Германија. Оваа покраина, која претставува еден од најважните економски центри во рамките на ЕУ, е и седиште на бројни индустриски и бизнис капацитети, како што се на пример: Баер, Хенкел, Дојче Телеком, Метро, Тисен Круп итн. (Bayer, Henkel, DeutscheTelekom, DeutschePost, Metro, RWE, E.ON, ThyssenKrupp), кои делуваат како на европско, така и на глобално ниво“.
Главниот приоритет на Заедничката декларација е поттикнување на соработката во областа на евро-интеграциите, што е од големо значење за сите наши реформски напори. Во германскиот политички систем сојузните покраини имаат споделена одговорност со сојузната Влада во однос на евро-интеграциите, и токму затоа со денешниот чин сметам дека го заокружуваме ова партнерство со Сојузна Република Германија како наш најважен поддржувач на европскиот пат.