Билатерални односи со Република Германија


Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија се воспоставени на 16.12.1993 година.


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата  на Сојузна Република Германија за заемно поттикнување и заштита на инвестиции“

  • склучена во Охрид на 10 септември 1996 година
  • во сила од 17 септември 2000 година

2. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за меѓународен патнички и товарен сообраќај“

  • склучена во Бон на 8 октомври 1996 година 
  • во сила од 20 јули 1997 година

3. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за преземање на обврските и репрограмирањето на долговите кон странство на поранешната СФРЈ“

  • склучена во Бон на 9 април 1997 годинаво сила од  7 август 2002 година

4. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во областа на културата“

  • склучена во Скопје на 16 октомври 1997 година
  • во сила од 13 јануари 1999 година

5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за техничка соработка“

  • склучена во Скопје на 9 јули 1999 година 
  • во сила од  4 ноември 2002 година
  • регистрирана во ООН број 42760 од 1 јуни 2006 година 

6. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за преземање и транзитен превоз на  лица (Договор за реадмисија)“

  • склучен во Берлин на 24 јуни 2002 година
  • во сила на 1 мај 2004 година 

7. „Протокол за спроведување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Европската заедница за преземање на лица кои престојуваат без дозвола меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија“

  • со размена на ноти склучен во Скопје на 26 август 2013 година

8. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за социјално осигурување“

  • склучен во Скопје на 8 јули 2003 година 
  • во сила од 1 јануари 2005 година  
  • регистриран согласно член 102 од Повелбата на ОН

9. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка во 2003 год. (АД. ПроКредит Банка) “

  • потпишан во Скопје на 21 ноември 2003 година 
  • во сила од 12 март 2004 година

9.а) „Спогодба помеѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка (2001 и 2007 година)“ 

  • потпишана во Скопје на 14 октомври 2009 година, 
  • во сила од 04 јануари 2010 година. 

10. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот “

  • потпишан во Скопје на 13 јули  2006 година 
  • во сила од 29 ноември 2010 година

10.а) „Протокол за измена и дополнување на Договорот меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување од 13 јули 2006“

  • потпишан во Скопје на 14 ноември  2016 година 
  • во сила од 16 јануари 2018 година

11. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за заемна заштита на класифицирани информации“

  • потпишан во Скопје на 27 јули 2012 година
  • во сила од 02 февруари 2013 год.

12. „Договор меѓу Македонската  Влада и Владата на Сојузна Република Германија за гробовите на воените жртви“

  • потишан во Скопје на 01 ноември 2012 година
  • во сила од 21 април 2014 година 

13. „Заедничка декларација за намера меѓу македонското министерство за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на СРГ за процедури за замена на возачки дозволи“

  • потпишана во Скопје на 18.9.2018 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за вработување на работници од македонски претпријатија со седиште на територијата на македонската договорна странка за изведување на проектни договори“

  • склучена во Бон на 23 јуни 1995 година 

2. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на СРГерманија за финансиска соработка“

  • склучена во Бон на 11 април 1997 година 

3. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на СР Германија за одобрување за вршење на дејност со стекнување на доход за членовите на семејствата на претставниците на дипломатска мисија или конзуларно претставништво“

  • склучена со размена на ноти на 18 октомври 1999 година

4. „Протокол за соработка во областа на образованието и науката меѓу Република Македонија и СР Германија“

  • склучен во Охрид на 7 јули 2003 година

5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република  Германија за финаниска соработка ( 2000) “ Програма за наводнување на јужното Повардарие”“

  • склучена во Скопје на 11 април 2003 година 
  • во сила од  11 април 2003 година 

6. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка за проектот “ Заштита на околната  средина на Преспанското Езеро”“

  • склучена во Скопје на 11 април 2003 година 
  • во сила од  11 април 2003 година

7. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на СР Германија за финансиска сороботка во 2000 година “ Социјална инфраструктура II ““

  • потпишана во Скопје на 26 мај 2003 година
  • во сила од 13 јуни 2003 година 

8. „Протокол за резултатите од преговорите за финансиска и техничка соработка меѓу Македонската Влада и Владата на СР Германија“

  • потпишан во Скопје на 21 ноември 2003 година 

9. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република  Германија за финансиска соработка во 1999 година “ Водоснабдување на град Прилеп”“ 

  • потпишана во Скопје на 17 март 2004 година 
  • во сила од 23 март 2004 година

10. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република  Германија за финансиска соработка во 1996 и 2001 година“

  • потпишана во Скопје на 15 октомври 2004 година 
  • во сила од 21 декември 2004 година

11. „Спогодба меѓу сојузното Министерство за здравство и социјална заштита на СРГ и македонското министерство за здравство за надоместување на трошоците за материјални  давања преку паушален износ“

  • потпишана во Бон на 6 декември  2004 година 
  • предвремено се применува од 01.01.2005

12. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка во 2001-Социјална инфраструктура III “

  • склучена во Скопје на 08.07.2004 година 
  • стапила во сила на 24 јуни 2005 година

13. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка (2001 година) - Унапредување на мали и средни претпријатија III.“

  • склучена во Скопје на 15 февруари 2007 
  • во сила од 28 февруари 2007 година

14. „Спогодба меѓу Македонската Владата и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка (2001 година) - „Прекуграничен биосферен резерват Преспа Парк““

  • склучена во Скопје на 4 април 2007 година

15. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка (2001 година)  – „Програма за наводнување на јужната вардарска долина““

  • Склучена во Скопје на 4 април 2007 година

16. „Спогодба за месечен паушален износ за згрижување на членовите на семејствата и пензионерите во Македонија 2006-2007“

17. „Меморандум за соработка помеѓу Министерството за економија и Занаетчиската комора- Кобленц на Сојузна Република Германија“

  • потпишан на 28.08.2010 година

18. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на СР Германија за проектот “Унапредување на инвестициите и извозот“ и „Унапредување на регионален и општински економски развој““

  • потпишана на 23 февруари 2011 година

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020