Рамадан Назифи



Рамадан Назифи


Рамадан Назифи е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Сојузна Република Германија од 1 јули 2019 година.  Роден е во Радуша, во 1962 година.


ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН

Како професионален дипломат од 1995 година, тој има богата дипломатска кариера во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Во периодот од 1995 година, до актуелната позиција амбасадор во Берлин, работел во повеќе Директорати во Министерството за надворешни работи, како: стручен соработник во Директоратот за конзуларни работи  (1995), помошник раководител, потоа раководител на Сектор во Директоратот за конзуларни работи (1999-2004),  раководител на Секторот за билатерални економски односи  во Директоратот за економска дипломатија (2008-2009), директор на Директоратот за конзуларни работи (2009), раководител на Секторот за мултилатерални економски односи во Директоратот за економска дипломатија (2013-2014), директор на Директоратот за Европска Унија (2014-2018), и специјален советник на Министерот за надворешни работи (2018-2019 ).

Дипломатската кариера во странство ја започна како аташе, односно втор секретар во Амбасадата во Бон (1995-1999). Беше и министер советник во Амбасадата во Берлин (2004 - 2008). Од 2009 до 2013 година ја вршеше функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор во Швајцарската Конфедерација.

Во текот на  професионалниот ангажман, амбасадорот Назифи активно учествувал во организација и координација на бројни национални и меѓународни конференции, семинари и други настани. Бил член на повеќе комисии и работни групи во Министерството за надворешни работи и во споменатите дипломатско конзуларни претставништва, како и активно учествувал во изготвувањето на неколку закони.

Пред ангажманот во дипломатијата, професионалната кариера ја започнал во образованието како професор по француски јазик и директор на училиште (1992-1995).


ОБРАЗОВАНИЕ

Амбасадорот Назифи во 1986 година дипломирал  на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј„ во Скопје - Филолошки факултет, насока Француски јазик и книжевност.

Има посетено повеќе дипломатски тренинзи и курсеви, меѓу кои:  Norwegian Foreign Service Institute - Royal Ministry of Foreign Affairs  - Oslo (2002); Anatolian Development Foundation Turkey (2003); Global Education Services - Seattle in cooperation with United Departmemnt of State (2004).

 Активно ги владее  францускиот, англискиот и германскиот, а има основни познавања и на шпанскиот и италијанскиот јазик.