Соопштение во врска со поплавите во Германија

16 јули 2021

 

Амбасадата на Република Северна Македонија, информира дека засега нема добиено официјални информации за загинати или повредени македонски државјани во катастрофалните поплави што ја зафатија Западна Германија, и поконкретно покраините Северна Рајна Вестфалија и Рајнска Област - Пфалц.

Амбасадата, преку конзуларното одделение во Бон, кое е територијално надлежно за засегнатите покраини, е во постојан контакт со претставници и здруженија на македонската дијаспора, а исто така и со кризниот штаб и полицијата, од кои досега нема пристигнато официјални информации за загинати или повредени македонски државјани.

Досега, по овој повод,  ниту еден наш државјанин ја нема контактирано Амбасадата и конзуларното одделение во Бон, ниту телефонски, ниту по електронски пат. Има само сознанија за неколку случаи чиј движен и недвижен имот има претрпено материјална штета.

Дежурен телефонски број на конзуларното одделение на Амбасадата во Бон, територијално надлежно за засегнатите покраини, на кој може да се обратат засегнати граѓани е +49 1575 1181434. Дежурниот телефон на конзуларното одделение на Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин е 0152 55691603.