Известување: Повик за апликација за проекти од дијаспората

03 август 2021

 

Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин има чест да извести дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, после една година во која заради пандемијата немаше финансиска поддршка за дијаспората, годинава повторно распиша Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората.

Во повикот се повикуваат сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес.

Утврдениот рок за аплицирање трае до 13 август 2021 година, при што предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат. Проектите во скенирана форма треба да се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство (за Германија на [email protected]) и во МНР паралелно, на e-mail [email protected]

Во продолжение, линкот до повикот и проектната пријава на интернет страницата на МНР. Сите прашања и дилеми може да ги адресирате до Секторот за дијаспора во МНР на наведената е-маил адреса.

https://mfa.gov.mk/mk/document/1783/javen-povik-za-proektni-aplikacii-namenet-za-pravni-i-fizichki-lica-od-redovite-na-dijasporata-