Конкурс на Министерството за култура за странски издавачи за превод на дела од македонската книжевност

10 август 2021

 

Амбасадата на Република Северна Македонија, има чест да информира дека Министерствoто за култура на Република Северна Македонија финансира преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици.

Пријава за Конкурсот може да поднесат само странски издавачи за дела кои претходно се објавени од македонски издавачи. Конкурсот е отворен во текот на целата година. Повеќе информации околу Конкурсот можете да се најдат на следниот линк:

http://kultura.gov.mk/конкурс-за-финансирање-преводи-на-стр/

Дополнителни информации можете да се добијат на е-маил: [email protected].

Би ви биле благодарни доколку може да ја споделите информацијата со преведувачи и издавачи од Германија кои ги познавате, a кои би можеле да аплицираат на Конкурсот и да добијат финансиска поддршка за превод на германски јазик на дело од македонската книжевност.