Услови и ограничувања за влез во Германија за македонски државјани во сила од 22 август

02 септември 2021
Република Северна Македонија, започнувајќи од 22 август 2021г. од страна на сојузната влада на Германија, а врз основа на одлуката од страна на Роберт Кох Институтот, е категоризирана како земја со висок ризик/инциденца.
 
Со тоа Република Северна Македонија повеќе не е на листата на земји со право на неограничен/нерестриктивен влез и соодветно повторно се воведуваат дополнителни ограничувања/услови за влез во Германија:
 
Потребна е задолжителна електронска регистрација при влез.
 
Се бара да се остане во карантин 10 дена по влегувањето во Германија, што може да се заврши порано со поднесување негативен резултат од тест најрано после пет дена. Од обврската за карантин, се изземени лица кои биле вакцинирани или се опоравиле од инфекција. Резултатот од тестот, доказот за вакцинација или закрепнување мора да се достави до локалната канцеларија за јавно здравје со негово прикачување на крајот од пополнувањето на Дигиталната регистрација на влез.
 
Влезот од Република Северна Македонија во Германија, освен за лицата со регулиран престој и работна виза во Германија, за каква било друга цел (вклучувајќи посети и туризам) е возможен само за целосно вакцинирани лица со во ЕУ/Германија признатите вакцини Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen /Johnson & Johnson, Spikevax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, а последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде најмалку 14 дена пред датумот на патување.
 
За лицата кои не се вакцинирани воопшто или не се вакцинирани со во ЕУ/Германија признатите вакцини, влегувањето од Република Северна Македонија е можно само во исклучителни случаи и е условено со итна потреба, како што беше претходно. https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/faqs/EN/topics/civil-protection/coronavirus/travel-restrictions-border-control/IV-restrictions-applying-to-air-and-sea-travel-outside-of-europe/what-constitutes-an-imperative-need-for-travel.html?fbclid=IwAR0b1f4l_V56C3swLRQ9dalQMsmQMVD3g4LvmcwjjSFTtS8caAEVKAChkxU

Согласно последните измени на општите регулативи за влез во Германија, од 1 август генерално секој што влегува во Германија и има најмалку 12 години (вклучително и патниците од Република Северна Македонија) мора да допатува со негативен корона тест (ПЦР или антиген тест). Негативниот резултат на тестот треба да биде не постар од 72 часа за PCR тест и максимум 48 часа за тест за антиген тест. Лицата на возраст под 12 години немаат потреба од тест.

Од обврската за тест при влез се ослободени:

Вакцинираните лица - со потврда за вакцинација со во ЕУ/германија признати вакцини Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen /Johnson & Johnson, Spikevax/Moderna,  Vaxzevria/AstraZeneca, а последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде пред најмалку 14 дена.

Лицата опоравени од Ковид 19 - со потврда за позитивен резултат на PCR тест направен пред најмалку 28 дена, но не повеќе од 6 месеци.

Тоа значи дека сите невакцинирани луѓе над 12 години што влегуваат во Германија мора да покажат негативен тест за Корона, без разлика дали доаѓаат со авион, автомобил, автобус, воз или брод.