Ограничувања и услови за влез за македонски и странски државјани во Северна Македонија од 01.09.2021г.

02 септември 2021
Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 17 август 2021 година донесе Одлука според која се забранува влез на територијата на Република Северна Македонија на домашни и странски државјани, почнувајќи од 1 септември 2021 година, доколку претходно на граничниот премин не приложат еден од следните документи:
 
- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;
- сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија или
- негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија.
 
Сертификатот/потврдата од ставот 1 алинеи 1, 2, З и 4 од оваа точка, не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
 
Задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена на домашните и странските државјани, доколку при влез во државата немаат негативен PCR тест, потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, за што Државниот санитарен и здравствен инспекторат издава решение.
 
Исклучок од став 1 алинеи 1, 2, З и 4 од оваа точка се сите видови групни или индивидуални патувања или патници кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, за што задолжително потпишуваат Изјава за транзитирање.
 
Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.
 
Според дополнително усвоените измени на одлуката на Владата се предвидуваат исклучоци од оваа мерка за наши државјани возачи на товарни моторни возила, како и за возачи на товарни возила странски државјани кои транзитираат низ земјата.