Северна Македонија не се смета повеќе за ризична област од Германија, сметано од 27 февруари 2022 година

25 февруари 2022
Роберт Кох Институтот на 25 февруари 2022г. ја ажурираше својата листа на ризични области со ограничувања за влез во Германија и ја стави Република Северна Македонија на т.н безбедна листа, односно Република Северна Македонија не се смета повеќе за ризична област, сметано од 27 февруари 2022 година, 00:00 часот наутро.
 
Со тоа единствено повеќе не е потребно пополнување на електронска регистрација за влез во Германија и секој македонски државјанин има дозвола да влезе во Германија доколку ги исполнува важечките услови за влез.
 
Неграничен влез од Република Северна Македонија во Германија, освен за лицата со регулиран престој и работна виза во Германија, за каква било друга цел (вклучувајќи посети и туризам) и понатаму е возможен само за целосно вакцинирани лица со во ЕУ/Германија признатите вакцини Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen /Johnson & Johnson, Spikevax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, а последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде најмалку 14 дена пред датумот на патување. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација со признати вакцини можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција.
 
📣📣Согласно дополнителното појаснување од Сојузната полиција во врска со вакцинациските сертификати посочуваат дека Дигиталните сертификати за Covid-19 на ЕУ од Северна Македонија по добивањето на третата доза со Pfizer BioNTech, Astra Zeneca, Modernа, НЕ покажуваат дека претходните две дози се направени со Sinofarm/Sinovac/Спутник, и дека е неопходно е да се контролираат и првите две дози и патниците да докажат дека се направени со Pfizer, Moderna, AstraZeneca . Во спротивно, оваа трета вакцинација со Pfizer или друга соосдветна вакцина треба да се смета за ПРВА доза и како нецелосна вакцинација. Тогаш патникот треба да биде одбиен од пријавување, доколку не може да се докаже друга императивна причина за патување заедно со негативен тест од страна на патникот.
 
Напомена: Лицата постари од 6-години при влез начелно мора да имаат негативен ковид-тест, доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид, без оглед на видот на транспортот и без разлика дали претходхо престојувале  во област со висок ризик или со варијанта на вируси. Обврската за приложување на доказ во врска со Ковид важи и за патници, кои само транзитираат на некој аеродром во Германија. Ова важи и за не-шенген-транзит од т.е. во трети држави надвор од ЕУ како и за транзит од т.е. во државите на шенген зоната. Лица над 6 години кои примиле вакцина одобрена во Германија, и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 6-годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација со признати вакцини можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција.
 
За вакцинирани лица: Доказ за целосна вакцинација Covid-19- на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик во дигитална или хартиена форма (на пр. Жолт сертификат за WHOV вакцинација). Вакцинацијата мора да е извршена со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих (Comirnaty/BioN¬Tech-Pfizer, Janssen, Spike­vax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, Nuvaxovid/No­vavax). Последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде пред најмалку 14 дена. Од 1 февруари 2022, согласно препораките од Европската комисија, во Германија важноста на вакцинациските сертификати со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија ќе биде 9 месеци/270 дена, и соодветно патниците при влез ќе треба да имаат ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез. Вакцинациските сертификати со 3 дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност.!!!
 
За оние кои се опоравиле од Ковид 19: Позитивен резултат на тест за PCR направен пред најмалку 28 дена, но не повеќе од 3 месеци, односно 90 дена, по што е потребна бустер доза.
 
За оние кои се тестирале: Негативен резултат од тест со техника за засилување на нуклеинска киселина (на пр., PCR, PoC-PCR) на германски, англиски, француски, италијански или шпански, алтернативно, негативен резултат на брз антигенски тест на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик, не постар од 48 часа пред влегувањето.