ИЗВЕСТУВАЊЕ
Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, известува дека на 22 и 25 април 2022 година (петок и понеделник) ќе биде затворена по повод православните велигденски празници.
Во итни случаи, Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин можете да ја исконтактирате на дежурниот телефон на конзуларното одделение на 0152 55691603.
Конзуларното одделение на Амбасадата во Берлин ќе биде повторно отворено за работа со странки секој работен ден од 26 април 2022 година од 09-13 часот, а за телефонски консултации од 14-16 часот.
Амбасадата ви посакува среќни Велигденски празници и убав празничен викенд.