Велигденска честитка

21 април 2022

 

До: Сите црковни заедници и здруженија на православни верници припадници на Македонската Православна Црква во Сојузна Република Германија

 

Почитувани православни верници,

Драги македонски сограѓани, сонародници во Сојузна Република Германија

 

Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин има чест да ви го честита големиот православен празник Велигден, денот на братството, разбирањето, мирот, толеранцијата и христијанската солидарност.

Посакуваме, во вашите семејства да преовладува здравје, среќа, љубов, мир, спокој и благосостојба, а воедно и разбирање, взаемна почит, солидарност, сплотеност и заедништво.

 

Христос воскресе !

Бидете благословени,

 

Амбасадор

Рамадан Назифи