Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, известува дека на 2 мај 2022 година (понеделник) ќе биде затворена по повод претстојниoт државен празник Рамазан Бајрам.
Во итни случаи, Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин можете да ја исконтактирате на дежурниот телефон на конзуларното одделение на 0152 55691603.
Конзуларното одделение на Амбасадата во Берлин ќе биде повторно отворено за работа со странки секој работен ден од 3 мај 2022 година од 09-13 часот, а за телефонски консултации од 14-16 часот.
Амбасадата ви посакува и убав празничен ден.