Гостување на женскиот хор Св. Злата Мегленска во Kелн и Диселдорф

19 септември 2022

На 17 и 18 септември 2022г. женскиот хор Св. Злата Мегленска гостуваше во Келн и во Диселдорф и имаше свој настап во црквата  St. Pantaleon во Келн и во црквата  Pfarrkirche St. Gertrud во Диселдорф.

 

Гостувањето беше во организација на Почесниот Козулат на РСМ во Диселдорф, во соработка со Амбасадата на РСМ во Берлин, а проектот беше финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

Настапите ги проследија нашите иселеници кои живеат и работат во Северна Рајна Вестфалија, како и вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, Драган Петковски.